Home Актуелно Временска прогноза за последната среда од 2022 година

Временска прогноза за последната среда од 2022 година

28-от декемвриски ден во Македонија наутро по одделни котлини е можна појава на магла или на ниска облачност, а преку денот се очекува променливо облачно време со сончеви периоди. На места ќе има услови за слаб дожд.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4 степени, а максималната ќе достигне меѓу 8 до 14 степени.

Во Скопје претпладнево се очекува појава на магла, а преку денот да биде променливо облачно времето. Минималната температура ќе се спушти до 0 степени, а максималната ќе достигне 9 степени.

Сонцето во Скопје изгрева во 7.01 часот, а ќе зајде во 16.10 часот.

Од УХМР понатаму велат дека продолжува периодот на стабилно време со релативно високи температури. По одделни котлини, вклучувајќи ја и Скопската, и во следните денови ќе има појава на магла или ниска облачност, па во овие места дневната температура ќе биде пониска.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…