Временска прогноза за овој понеделник


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во западните и североисточните предели. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринските температури ќе се движат од 9 до 15 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 22 до 31 степен.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 13 и дневна до 30 степени.

До среда во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи со променлив интензитет, но сепак процесите ќе бидат полокализирани. Стабилизирање на времето ќе има од четврток кога ќе дува засилен северен ветер.