Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Времето во Македонија овој четврток, 3 октомври ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.
Пообилни врнежи ќе има доцна попладне и во текот на ноќта кон петок (локално над 30л/м2) кога на места ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер кој кон крајот на денот ќе се промени во северен.
Утринската температура ќе се движи од осум до 16, а дневната од 21 до 28 Целзиусови степени.
Во Скопје, променливо облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта со врнежи од дожд и услови за појава на грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 26 степени. Во Маврово дневната температура ќе достигне до 18 степени, Охрид 21, Битола 26, Кавадарци 27, Крива Паланка 24, Берово 22, Дојран 28…
Утре ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата. За време на викендот времето ќе биде променливо облачно и посвежо, а локален дожд се очекува во ноќта сабота кон недела.