Временска прогноза за осумнаесеттиот августовски ден


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Денеска, среда, 18. август, времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, a вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне и кон крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје и Битола максималните дневни температури ќе достигнат до 34 Целзиусови степени, Маврово 26, Охрид и Крива Паланка 32, Берово 31, Кавадарци 37, Дојран 38.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималните дневни температури ќе се движат пд 25 до 34 степени.