Временска прогноза за денешниот четврток


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Денешниот ден, четврток, 14. септември, во Македонија носи променливо облачно време со повеќе сончеви периоди во јужните делови од земјата. Ќе дува слаб претежно јужен ветер, само во североисточните делови ветерот ќе биде западен.

Во Скопје сончево променливо облачно со сончеви периоди и со слаб ветер претежно од југоисточен правец.

Утре ќе имаме сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Од пладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за појава на изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец. Дневните температури ќе се движат од 27 до 34 Целзиусови степени.