Временска прогноза за четврток


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денес, четврток, 29 август, времето во целата земја ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Дневните температури ќе достигнат во Скопје 36 Целзиусови степени, Маврово 27, Охрид и Берово 30, Крива Паланка 32, Кавадарци 37, Битола 34, Дојран 38 степени.

И за утре прогнозата е сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Дневните температури ќе се движат од 25 до 36 степени.