Временска прогноза за 23. септември


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Денеска, четврток, 23. септември, времето во Македонија претпладне, особено на север и на исток ќе биде променливо облачно, а во целина и особено попладне ќе преовладува сончево време.

Наутро ќе биде посвежо, а преку денот ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде во интервал од 9 до 11, а максималната ќе достигне од 14 до 24 степени.

Во Скопје, претпладне променливо облачно, а потоа облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Денес и утре ќе биде ветровито со повремено засилен северен ветер. До сабота утринските температури ќе бидат многу ниски и на некои од повисоките места ќе се спуштат и до 0 степени. По утрешните пониски дневни температури, во петок и за викендот дневната температура брзо ќе се покачи.