Временска прогноза за 10 февруари


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Денес, среда, 10 февруари, времето во Македонија претпладне ќе биде променливо облачно, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен јужен ветер. Кон крајот на денот во северозападните делови ќе има врнежи од дожд.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 16 Целзиусови степени, Маврово 8, Охрид 12, Битола и Крива Паланка 14, Берово 13, Кавадарци 18, Дојран 17.

Прогнозата за утре е претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во западните делови (над 20 л/м2). На планините на запад врнежите ќе бидат од снег. Претпладне ќе дува умерен до засилен југозападен ветер, кој попладне ќе го промени правецот во северен и дополнително ќе засили. Дневните температури ќе се движат од 4 до 16 степени.