Home Мода и убавина Време на цветови: Swatch го дочекува пролет со четири часовници инспирирани од свежо цвеќе

Време на цветови: Swatch го дочекува пролет со четири часовници инспирирани од свежо цвеќе

Swatch го поздравува пролетта со лансирањето на колекцијата Blossom Time, која се состои од четири часовници инспирирани од свежо цвеќе.

Оваа колекција изобилува со стил, бидејќи ја спојува нежната убавина на четири омилени цвеќиња со силата и издржливоста на Swatch IRONY серијата.

НЕРЃОСУВАЧКИ ЧЕЛИК СО ФЛОРИСТИЧКИ ЦЕНТАР

Во сржта на колекцијата Blossom Time се часовници изработени од не’рѓосувачки челик, со бројчаник со дијаметар од 33 mm. Секој модел е омаж на едно омилено цвеќе – магнолија, шафран, гербер и камелија – кои со своите бои ги збогатуваат гравираните дизајни на бројчаниците со ефектно осветлување што ја рефлектира нивната единствена привлечност.

Овие часовници докажуваат дека понекогаш најимпресивните модни изјави доаѓаат во суптилни форми:

  • Магнолија

    Одразувајќи ја упорноста и одлучноста поврзани со магнолијата, часовникот PETAL BLISS доаѓа со сребрен бројчаник гравиран со дизајн на магнолија.

  • Шафран

    Бројчаникот на моделот PETAL FRENZY, инспириран од шафран, во прекрасни сини нијанси, симболизира личен успех. Достапен е со метална нараквица или син кожен ремен, со што додава освежувачки пролетен акцент на секоја комбинација.

  • Гербер

    Со впечатлива жолта боја и гравиран дизајн на гербер, моделот PETAL SWIRL носи оптимистична нота и потсетува на вредноста на пријателството.

  • Камелија

    Симбол на совршенство, љубов и вечност, камелијата е елегантно претставена со нежни розови нијанси и суптилни гравирани детали на бројчаникот на моделот PETAL CHARM. Може да изберете метална нараквица или розова кожена лента која совршено ќе се вклопи во вашиот стил.

Часовниците од колекцијата Blossom Time ја спојуваат убавината на пролетта со прецизноста на швајцарскиот квалитет, правејќи ги совршен моден додаток за секоја пригода, како и идеален подарок за пријателите и семејството. Без разлика дали ги носите за свечени или секојдневни прилики, овие водоотпорни часовници претставуваат цветна изјава на единствен стил и личност што трае далеку подолго од било кој букет цвеќе.

Колекцијата Blossom Time е достапна онлајн на Swatch.com и во Swatch продавниците ширум светот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Кои активни состојки да ги барате во козметиката за пролетна нега на кожата

Обнова на кожата по зимата! Дури и квалитетната нега во зимскиот период не гарантира соврш…