Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Со падот на цената на нафтата ослабнаа валутите на многу земји извозници на црното злато, но за разлика од нив руската рубља расте веќе четврти месец по ред.
Руската рубља е магнет за кери трговци (carry trade), изјавија експертите за Блумберг.
Кери тргувањето е традиционален метод кој го користат инвеститорите за да заработат пари на пазарот на валути. Основна идеја на овој начин на тргување е едноставна: кери трговците позајмуваат финансиски средства во валути со мал приход и потоа инвестираат во валути со поголем принос.
Додека во минатото рубљата слабееше кога паѓаа и цените на нафтата, сега таа расте и покрај тоа што нафтата во март поефтине за 5 долари.
Руската валута остана стабилна и по изненадното намалување на референтната каматна стапка на Централната банка на Русија од 10,0 на 9,75 насто.
Од почетокот на годината рубљата зајакна околу 7 насто во однос на доларот на 57,14 рубљи и околу 3,5 насто во однос на еврото, на 61,74 рубљи.