Вредни милиони долари: ФБИ ја заврши 13-годишната потрага по чевлите од „Волшебникот од Оз“ (ФОТО+ВИДЕО)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Локалните влаасти со години избегнуваа да го решат овој случај, се додека ФБИ не ги замеша прстите.

Во 2017. година некој ја контактирал компанијата која ги осигурувала чевлите дека имаат информација каде тие се наоѓаат и како можат да бидат вратени.

„Кога компанијата видела дека некој се обидува да изнуди пари од соптвеникот, локалните власти ги контактирале ФБИ“, изјави во една прилика специјалниот агент Кристофер Дудли, кој ја предводеше истрагата.

Познатите чевли, за кои ФБИ тврдат дека чинат неколку милиони долари, успешно се вратени на местото каде првобитно се наоѓале. А потрагата за крадците, и натаму е во тек.

„Ние и натаму работиме на тоа да ги пронајдеме главните виновници кои ги криеле чевлите сиве овие години“, додаде специјалниот агент Дудли.