Вратите на џамиите од денес отворени за верниците


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Исламските верски објекти денес ги отвораат вратите за верниците после извесен период во кој беа затворени заради превентивните мерки против коронавирусот.

И покрај апелите на надлежните да се преиспита одлуката поради пандемијата на коронавирус, ИВЗ остана на ставот, најавувајќи дека ќе се почитуваат мерките за физичка дистанца.

Како што објаснија од ИВЗ, молитвите ќе се вршат на одредени места за да се задржи потребното растојание, а верниците ќе можат да се молат и во дворот на џамиите.

Од ИВЗ минатата недела информираа дека одлуката за отворањето на џамиите ја донеле врз основа на фактот што во земјата се намалил бројот на заразени од коронавирусот.

Вчера, вицепремиерот Бујар Османи апелираше до верниците да не одат во џамија додека целосно не се смири состојбата со пандемијата.