Вратете ја блискоста и страста од почетокот: Овие четири пози ќе ви помогнат во тоа


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Со текот на времето, секоја врска, колку и да е полна со страст и желба на почетокот, чувствата се губат, а останува прашањето како ќе ги вратите. Секој однос бара работа и нега, токму како на почетокот кога сте се труделе се да биде добро.

Овие четири пози ќе ви помогнат да ја вратите блискоста и желбата која некогаш сте ја чувствувале за партнерот.

Мисионерска поза

Според терапевтите мисионерската поза често се смета за основна поза за секс, но тоа не значи дека мора да биде досадна. Оваа поза е идеална за емотивно врзување, бидејќи позата поттикнува поглед, звук и допир.

Шепотењето, дишењето, контактот со очите и телото покрај телото поттикнуваат врзување и поголема интимност од повеќето други пози.

Кучешката поза

Положба во која еден партнер е над другиот можеби се чини како интимен, но тоа е еден од најдобрите начини за сексуално и интимно поврзување со партнерот бидејќи во повеќето случаи доаѓа до истовремен оргазам. За жената оваа положба е добра поради длабоката пенетрација која води до големо уживање.

Оваа положба е полна со адреналин, сирова сила, и делење на таквата сексуална енергија која сигурно ќе влијае на вашиот интимен живот.

Под туш

Сексот под туш овозможува потполно да се посветите еден на друг, да земете време меѓусебно да ги истражите вашите тела. Топлата вода и звукот на удирање од водата вас дополнително ќе ве опушти и ќе ви даде дополнителен поттик за фантастичен секс.

Положбата на лажица

Водењето љубов додека сте во константна прегратка ќе го зголеми нивото на хормонот на љубовта, окситоцинот, и ќе ви го подобри расположението. Кога мажот лежи зад жената и ја мази со рацете, ја прегрнува и пристиска тој го зголемува нивото на интимност.