Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
После една година потрага, САД го вратија во Шпанија ретка копија од писмото кое шпанскиот морепловенц со италијанско потекло Кристофер Колумбо го напишал во 1493 година, а кое беше украдено во Барселона во 2005 година, пренесуваат американските медиуми.
Од официјалните органи на САД беше изјавено дека вчера писмото му е предадено на шпанскиот амбасадор во САД.
Писмото, кое е адресирано до кралот Фердинанд и кралицата Изабела, е една од 16-те копии кои биле изработени на барање на Колумбо. Во писмото се опишани откритијата на шпанскиот морепловец во „новиот свет“, пренесува AFP.
Крадците кои го украдоа писмото, оригиналот го заменија со фалсификувана копија, што беше откриено дури во 2012 година, откако се појавија информации дека неколку такви копии се украдени од европските архиви.
Истражувачите открија дека оригиналот кој е украден во Барселона е продаден на продавачи на половни книги за цена од 600.000 евра, за во 2011 писмото да биде препродадено за цена од 900.000 евра.