Враќањето на култните филмски ликови Кери Бредшо и Батката – еве што ги спои


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Холивудската актерка Сара Џесика Паркер го оживеа култниот лик од мега-популарната серија „Сексот и градот“ во новата реклама за пивото Stella Artois.

Иако ликот на Кери е познат по Manolo Blahnik чевлите и коктелот Cosmopolitan, славната актерка, сепак, се одлучи повторно да го оживее овој филмски карактер во реклама за пиво. Тајната се крие во хуманитарната цел на кампањата – ставање крај на глобалната криза за чиста и питка вода.

Имено, за секое шише пиво од брендот Stella Artois кое ќе се продаде во угостителски објект, белгискиот производител ќе се потруди едно лице од земјите во развој да добие месечен пристап до чиста и питка вода.

Во рекламата, покрај Паркер, се појавува и Џеф Бриџис како култниот лик на „Батката“ од „The Big Lebowski“.

Како што велат од Stella Artois, Батката и Бредшо се икони на поп културата. Иако овие филмски ликови со години се надвор од пиедесталот на популарноста, белгиската компанија е убедена дека и денес, помладите генерации, со задоволство ги гледаат.