Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Славниот и веќе контроверзен холивудски актер Кевин Спејси направи враќање во јавноста кое многумина го сметаат за провокативно и недолично.
Актерот кој е под обвинение дека во 2016 недолично допирал 18 годишно момче. Спејси треба да се појави на 7 јануари на островот Нантакет на судење за сексуално насилство , изјави окружниот обвинител Мајкл О’Киф.
Тој го нападнал синот на телевизиската новинарка во кафеана на островот , каде прво му дал да пие алкохол. По добивањето на обвинителниот акт , вчера холивудскиот актер , кој се соочува со бројни слично обвиненија , се јави со видео порака.
„Знам што сакате вие , сакате да се вратам” , вели Спејси со преправен глас , глумејќи го ликот на Френг Андервуд од серијата ,,Куќа на картите” .
„Секако дека нема да платам за нешто што не сум го направил.” , вели 59 годишниот актер во видеото снимено во кујна , каде тој е облечен во божикна престилка.