Враќање после две години: Култната серија го достигна врвот од нејзината популарност


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Популарната британска серија „Peaky Blinders“ се враќа после двегодишна пауза, а големиот број обожаватели со нетрпени го очекуваат враќањето на истата која полека, но сигурно, ја освои публиката ширум цел свет.

Петтата сезона од гангстерската драма се враќа на екраните оваа недела, а Netflix ќе се погрижи овој глобален сериски хит да ја продолжи и зголеми својата популарност во над 180 земји кои ги покрива овој „стриминг“ сервис.

Авантурите на семејството Шелби и нивниот лидер Томи (Силиан Марфи) првично ја воодушевија британската публика. Но, за разлика од многу други квалитетни британски серии, таа успеа да допре и до вкусовите на светската публика. Обожавателите од сите краишта на светот сè почесто се одлучуваат туристички да го посетат Бирмингем за и самите да се рашетаат по улиците на кои се случува дејството од серијата.

Авторите на оваа серија посебно се благодарни на мегапопуларните обожаватели на нивното сериско дело, како Дејвид Бекам, кој со нив склучи и договор за преку неговиот бренд Kent&Curwen да промовира колекција од облека инспирирана од серијата. Од октомври оваа година модните ретро парчиња од оваа линија ќе бидат достапни во 160 земји ширум светот, но и преку интернет продавниците.

Но, тоа е само дел од понудата, бидејќи авторите активно работат на брендот уште од крајот на четвртата сезона, кога на сите им стана кристално јасно дека популарноста на серијата ги надмина и најоптимистичките прогнози. Освен класичните понуди, како маици, тука е и козметичката линија за мажи, книги и парфеми, а следните години ќе се појави и VR игра за конзоли во која играчите ќе преземаат контрола над ликовите од серијата.

Серијата ќе ја зголеми својата популарност и во Британија, благодарение на преминот на емитување од ВВС 2 на ВВС 1, што значи пораст на публика за најмалку 50%, со оглед на фактот дека ВВС 1 е најгледаниот телевизиски канал во Велика Британија.

„Peaky Blinders“ позитивно се одрази и на туризмот во Бирмингем. Во јули дури 76.000 луѓе се обидоа да купат влезници за премиерата на првата епизода од петтата сезона која ќе се одржи во бирмингемското градско собрание, а авторот на серијата Стивен Најт активно работи на тоа во родниот Бирмингем да иницира и дводневен фестивал на музика, мода и улична храна.

Оваа комерцијализација на серијата е очекувана, но не е прв таков обид. Многумина веќе се обидоа да ја капитализираат популарноста на серијата, па имате сè и сешто – од препознатливи капи до „пиво инспирирано од серијата“. Понудата подоцна е проширена на брендирани џин, виски и рум.

За ситуацијата да биде уште побизарна, кога авторите на серијата минатата година се обидоа да го заштитат името Peaky Blinders во десет различни категории на производи, се најдоа во проблеми бидејќи името веќе го заштитиле производителите на пиво инспирирано од серијата.

Проблемот лежи и во фактот дека серијата е инспирирана од реални настани и случувања, па тоа дополнително им ја отежнува заштитата на авторските права за ексклузивно производство на тематски производи.

А што се однесува на самата иднина на серијата, Најт тврди дека единствен голем чекор кој им преостанал е преселувањето на големото платно.

Првата епизода од петтата сезона од „Peaky Blinders“ ќе се емитува оваа недела.