Филм / ТВ

Враќање на легендата: Атенборо со нова документарна серија за ВВС

ВВС најави нова документарна серија за дивиот свет од калибар каков што само тие знаат да направат. А кога е влогот толку голем за да има врвен производ, истата може да ја води само легендарниот природонаучник Дејвид Атенборо и никој друг.

Покрај него, во реализацијата на документарката ќе биде ангажиран тимот кој работеше на документарецот „Планетата Земја“.

Како што најави уредничката на ВВС, Шарлот Мур, новата серија ќе се вика „Династија“ и ќе го проучува начинот на кој животните ги штитат своите семејства и територија.

Серијата ќе се состои од пет делови, а публиката ќе може да го погледне овој вид на однесување кај лавовите, шимпанзата, ловечките кучиња, тигрите и кралските пингвини.

Таа ќе почне да се прикажува кон крајот на годината на првиот канал на Би-Си-Си.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top