Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Руската Дума едногласно го усвои предлогот во иднина народните претставници да возат само автомобили од руско производство додека се на работа или службено патуваат некаде.
Спикерот на Думата, Вјачеслав Володин објави дека пратениците од московскиот регион веќе почнале да ги заменуваат застарените службени возила со домашни брендови. Тој верува дека ваквиот потег ем ќе и помогне на домашната автомобилска индустрија, ем парите од буџетот ќе останат во земјата.
Минатиот месец Путин побара да се престане со државното купување на странски возила за државни службеници и функционери, инсистирајќи дека јавните службеници треба да возат само домашни автомобили. Следниот ден Володин одговори дека пратениците ќе почнат од себе.
Слична одлука во 1997 донесе Борис Јелцин кој забрани купување на странски возила за државни службеници. Две години подоцна Јелцин ја повлече одлуката по постојаните поплаки од функционерите дека возилата постојано им се расипувале.