Вработените во велешка Колска го блокираа железничкиот сообраќај


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Со жив штит, вработените на велешка Колска утрово ги сопреа возовите на станицата во Велес. Го блокираа железничкиот сообраќај, револтирани што и по една недела од ветувањето кое го добија од премиерот Заев, шесте плати уште не им се исплатени.

Работниците велат дека ова е последнитот облик на притисок притисок, за конечно да се реши нивниот долгогодишен проблем.

Од синдикатот велат дека на сметката на Македонски железници легнале три милиони денари кои владата им ги должи, но раководството на МЖ не им ги префрла.

На железничката станица во Велес се создаде вистински метеж, откако на четири воза полни со патници, работниците од Колска не им дозволија да го продолжат патувањето.

Работниците на Колска најавија тужба за директорот на МЖ, Игор Коруновски. Тие најавија секојдновни блокади кој од ден на ден ќе бидат подолги за по еден час, се додека не им се исплатат изработените пари.

Колска е едиствената фабрика која ги сервисира македонските возови. Со години наназад овие работници мораат да штрајкуваат за да земат плата. Спасот од ваквата ситуација го гледаат во враќањето на нивната фирма во состав на Македонски железници.