Вработените според рамковен од понеделник на работа


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Од наредната недела, 1.600 вработени според рамковниот договор, а кои седеа дома, ќе бидат распоредени на работни места. Со ова стартуваат реформите во јавната администарција. 1.600 – те јавни административци ќе добијат работни места соодветни на нивното образование, работни способности и знаење.

„Ова е пилот и како би се одвивала работата. По функционалните анализи ќе видиме како ќе функционира. Направивме анализа на овие луѓе, знаеме кои се точно, кој се нивните професионални наобразби, искуства. А ги знаеме и потребите на институциите и сега само ја спојуваме потребата и она што е вишок на вработени кои немаа работни задачи“, изјави Дамјан Манчевски – министер за информатиччко општество и јавна администрација

Манчевски вели дека до крајот на месецов ќе се знае вкупната бројка на вработени во јавната администрацијата. Секаде каде ќе се утврди вишок на вработени ќе им се понуди да бираат дали сакаат да заминат во приватен сектор или ако одлучат да останат во јавната администрација ќе бидат распределени на нови работни позиции според нивното знаење и подготвеност. Од Синдикатот на УПОЗ велат дека ќе го следат целиот процес.

„Министерот најави дека се ќе биде на доброволна основа. Синдикатот ќе го следи овој процес и доколку биде констатирано вишок во Јавната администрација, ние како синдикат ќе преговараме за нашите членови да бидат социјално обезбедени или да се обезбедат на новите работни места или ако покажат желба да одат во приватен сектор“, вели Пецо Грујовски – претседаел на УПОЗ

Новина е и тоа што ќе се потпише и Колективен договор, а во него ќе бидат предвидени, платите, остварување на додатоци и права кои досега не можеа да ги добијат, а ќе се преговара и за К – 15. Досега сите вработени своите права ги остваруваа со колективниот договор од 1995 – та година.

Извор: АлсатМ