Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според новиот закон за зелени пазари, кој треба да стапи на сила за две недели, за пензионерите и вработени лица ќе биде забрането да држат тезга и да продаваат на пазар.
Од стопанската комора бараат негово одлагање. Велат дека со неговата примена ќе се намали бројот на продавачи на пазарите, прометото ќе опадне за 30 отсто , а закупците на тезги ќе се оптоварат со нови давачки. До министертвото за економија веќе испратиле и допис со пет конкретни забелешки.
Уште еден проблем во законот е и воведувањето на легитимации за закуп на тезги. Пазарџиите освен што немаат инфромација каде да ги добијат, велат дека таа ќе важи само за продажба на една тезга.
Од министертвото за економија за Сител посочија дека се разгледуваат барањата и наскоро ќе излезат со став.
И натаму голем проблем за пазарџиите продолжува да биде сивата економија. Таа е најзастепена во Велес. Таму 50 отсто од лицата кои продаваат се диви пазарџии кои функционираат на импровизирани тезги .Тие претствауваат сериозна нелојална конкуренција на оние кои работата законски. Во земјава има околу 25 илјади регистрирани пазарџии.