Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
35-годишната Русинка Наталија Борисовна Бородина од Москва загина во Доминиканската Република на мошне бизарен начин.
Имено, Русинката разголена висеше од автомобил во возење, при што удри во бандера со улична светилка. Наталија се зафркавала со пријателката Ивана Боирачук, која го возела автомобилот и ја снимала кога се случил трагичниот момент.
Како што пишува Дејли Меил, снимката настанала недалеку од Пунта Кејн во Доминиканската Република. Руските медиуми пишуваат дека брзо е пренесена во болница со тешки повреди, но иако докторите дале се од себе, не успеале да и го спасат животот.
„Жената се забавувала покажувајќи ги голите гради додека пријателката го возела автомобило“, пишува Московски Комсомолец, а медиумите известија дека Наталија била мајка на едно дете.