Вознемирувачко видео од моментот кога експлодираше бомбата во центарот на Истанбул


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ројтерс објави видео на кое се гледа моментот на вчерашната експлозија во центарот на турскиот град Истанбул.

Ројтерс соопшти дека експлозијата испфрлила остатоци во воздухот, оставајќи неколку луѓе да лежат на земја.

Според досегашните информации, во нападот загинале шест лица, а 53 се повредени.

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, по повод експлозијата изјави дека првичните информации укажуваат дека се работи за терористички напад.

По првичните медиумски извештаи, турската агенција за надзор на медиумите воведе привремена забрана за известување за експлозијата – потег што ги спречува медиумите да емитуваат видео снимки од моментот на експлозијата или нејзините последици.

Тој орган и во минатото воведе слични забрани, по напади и несреќи.

Турција беше цел на бомбашки напади меѓу 2015 и 2017 година од страна на џихадистите на Исламската држава и забранетите курдски групи.