Вознемирувачко откритие: Во Мексико откопана кула од човечки черепи


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Археолозите пронајдоа кула, изградена од 676 човечки черепот во Мексико Сити, објавува Ројтерс. Голем дел од посмртните останки на жртвуваните се жени и деца, што ги изненадило научниците.

Археолозите веруваат дека кулата е дел од ритуалната структура наречена Huey Tzompantli, преку која Ацтеките ја покажувале силата пред шпанските освојувачи и си обезбедувале благосостојбата на својот народ.

Досега се сметаше дека ритуално биле убивани воени затвореници или воини кои учествувале во битки. „Очекувавме мажи и сметавме дека жените и децата не учествувале во војни”, изјави за агенцијата антропологот Родриго Боланос.

Жртвувањето го иведувале свештеници, од кои четворица ја држеле жртвата на камена маса, а петтиот ја убивал со церемонијален нож, расекувајќи му го стомакот кон дијафрагмата, а потоа го ваделе срцето на жртвата.

Кулата се наоѓа во близина на храмот на Уицилопочтли, бог на сонцето, војната и специјален заштитник на аристократијата. Таа е со дијаметар од околу 6 метри, што ја прави една од најголемите, досега откриени.

Древната структура од остатоци е спомната во мемоарите на шпански војник од времето на освојувачот Ернан Кортес уште во 1521 година. Војникот пишува дека се преброени околу 10.000 черепи, што значи дека допрва ќе се откриваат уште човечки остатоци, сметаат научниците.