ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Лифт и ја откина ногата поради бизарна причина! (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Tрагедија ја снајде една жена во Кина и нејзината нога била откината од лифт, откако таа се сопнала и се заглавила на вратата од лифтот, поради тоа што гледаше во својот мобилен телефон.

Ужасната снимка ја покажува жената која гледа во својот мобилен телефон и влегува во лифтот, кој се чини поради некаков технички проблем, почна да се движи пред таа да успее да влезе во него. Жената се сопна на подот од лифтот и падна во него, но нејзината десна нога остана надвор, заглавена од вратата која што се затвори.

За нејзина несреќа, лифтот продолжи да се движи и и ја растргна ногата при преминување на горниот кат од зградата. Жената врескаше од болка, додека лифтот продолжи да се движи до третиот кат, кога конечно застана. Потоа, на снимката се гледа како жената лежи и чека на помош, додека нејзината нога е целосно смачкана до коленото.

Не е познато дали жената ја преживеала оваа неверојатна несреќа која наводно се случила во јули, но снимката направена од надзорната камера неодамна се појави на кинеската видео-платформа „Iqiyi“.

Ова сигурно може да послужи како предупредување за сите што не ги испуштаат од вид своите мобилни телефони додека се во движење. Без разлика дали пешачите или возите автомобил – таквото невнимание може да заврши трагично.