Вознемирувачко: Америка ја виде најужасната повреда во историјата на спортот!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Играчот на Чикаго Зак Милер доживеа стравична повреда поради која ќе го пропушти остатокот од сезоната, но поради проблеми со артеријата тој би можел да остане и без нога.

Во НФЛ повредите на играчите се сосема нормална појава, но оваа на Милер е една од најлошите во историјата.

Тој во натпреварот со Њу Орлеанс лошо доскокна при едно фрлање за тачдаун, па левата нога едноставно му „пропадна“ во коленото.

Милер веднаш беше префрлен во болница каде ми беше направена операција, а покрај коленото сериозно ја повредил и артеријата. Американските медиуми пренесуваат дека му се заканува и ампутација на ногата, па докторите се борат да не дојде до тоа.