Вознемирувачки: Занесен во својот мобилен падна во провалија и загина


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Млад турист на дваесет и нешто години загина на едно од најсветите места во Кина, каде падна во провалија додека чепкаше во својот мобилен телефон.

Типот излезе надвор од познатиот будистички храм на планината Џиухуa, па седна на една клупа за да се одмори, притоа не симнувајќи го погледот од својот мобилен. Автоматски се навали наназад за да се потпре на клупата, не забележувајќи дека истата нема потпирач, па едноставно падна преку клупата во провалијата зад неа.

Снимката од безбедносната камера од популарниот видиковец на истокот од Кина го фатила моментот кога дечкото паднал од висина од околу 8 метри. Паднал на камените скалила, а долу може да се видат две жени како бегаат додека телото се тркала низ скалилата кон нив.

Дечкото стигнал на светото место заедно со својот татко и зедно се качиле по скалилата за да се помолат во светиот храм. Жртвата, потоа, одлучила се одмори кај оградата која е поставена токму за да се спречат случајни падови од таа висина. Дечкото, опседнат со својот смартфон, не забележа при седнувањето дека нема на што да се потпре, па падна во провалијата, а падот беше кобен по неговиот живот.