Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Вработена во зоолошката градина во Хамертон, Англија настрада по напад на тигар кој успеал да влезе во дел од живеалиштето што вработената мислела дека е затворен, објави BBC.
Вработената Роза Кинг била во издвоениот дел од живеалиштето на тигрите што требало да биде непробоен додека внатре се наоѓаат луѓе, но дивата мачка успеала да влезе внатре и да ја убие.
Останатите вработени се обидувале да го намамат тигарот со месо откако виделе дека ја нападнал Кинг, но не успеале да му го оттргнат вниманието.
Инцидентот се случил завчера околу пладне, а полицијата го потврди случајот и рече дека амбулантното возило на Брзата помош стигнало 20 минути по повикот и само била констатирана смрт на самото место.
„Посетителите беа изнесени од зоолошката градина, а тигарот во ниту еден момент не излезе од своето живеалиште и не се обиде да побегне“, рече полицијата и додаде дека нема никакви индикации дека се работи за планиран напад и дека случајот се води како несреќа.
Роднина на Кинг рече дека таа обожавала да работи со тигрите и често си играла со нив во живеалиштето каде се чувствувала сигурна во нивна близина.
Зоолошката ќе биде затворена за посетители додека трае истрагата.