Вознемирувачки сцени: Разјарениот бик го прободе во грло несреќниот матадор


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Даниел Гарсија Наварета (23) моментално води битка за својот живот откако разлутен бик го прободел низ грлото, устата и јазикот во најголемата арена за коридо во Лоса Вентас, Мадрид.
Во коридата во кои инаку биковите обично стануваат сериозно повредени и брутално убивани, се случува понекогаш и по некој матадор да настрада.

Така младиот Даниел, бикот кој го го убиваше во дебитантската борба, го возврати ударот и тоа пред 10.000 луѓе во публиката. Првин мислеа дека матадорот е рането во бутот, но кога го одврзале во болница, лекарите утврдиле дека е прободен четири пати, два пати во вратот и два пати во вилицата.

Стравичното видео го покажува моментот кога бикот го фрла во воздухот матадорот, а потоа паѓа на земја, додека во позадина може да се слушнат ужасните крици на публиката.
Повредите кои го задобил Даниел Гарсија толку биле сериозни што му биле оштетени мускулите и нервите, а лекарите укажуваат дека е вистинска среќа што воопшто останал жив, пишува Daily Mail.