Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
50-годишен човек чиј идентитет засега остана непознат, загина при скок од карпа во Назаре, Португалија, кога при слободниот пад на време не му се отвори падобранот.
Ужасната сцена ја забележаа камерите, а се гледа дека падобранот на несреќниот човек се отворил дури кога неговото тело удрило на земјата.
Од 90 метри високата карпа двајцата пријатели скокнаа заедно, но на еден од нив не му се отворил падобранот. Португалските медиуми јавија дека станува збор за германски државјанин чие име не е соопштено, а кој во Португалија допатувал поради авантура.
При скок од истата карпа, во 2013 година, животот го загуби и еден 29-годишен Швеѓанец.