Вознемирувачки: Автобус се расипа на пруга, на него налета воз – загина 21 лице (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најмалку 21 лице загина ноќта четврток спроти петок кога во автобус, кој се расипа додека преминуваше преку железничка пруга, удри воз кој во тој момент налета на местото каде што заглави автобусот. Несреќата се случи североисточно од Москва, во областа наречена Владимир.

„Според најновите информации, во сообраќајката загина 21 лице“, изјави директорот на здравствената служба на Владимир, Александар Кирјухин, за руската новинска агенција TASS. Меѓу загинатите има и три деца.

Сударот се случи околу 3:39 наутро по локално време, во близина на железничката станица Покров. Бројката на загинати ја потврди и рускиот истражен одбор, кој отвори истрага за несреќата до која дојде на 110 километри североисточно од Москва.

Автобусот се расипал додека ја преминувал пругата, иако во тој момент црвеното светло на семафорот кај пругата забранувало премин преку истата. Возот кој доаѓал од правец на Санкт Петербург во правец на Нижни Новогород налетал во тој момент и удрил во заглавениот автобус.

Казахстанското министерство за надворешни работи истакна дека и возачот на автобусот и машиновозачот на возот, од кои едниот загина во несреќата, биле Казахстанци. „Во автобусот имаше 55 Узбекистанци“, потврдуваат од министерството.