Вознемирувачки: 10 мртви, над 50 ранети во експлозии во метрото во Санкт Петербург (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Повеќе од 10 лица загинаа, а над 50 се повредени, меѓу кои има и деца, во две истовремени експлозии што се случија денес, во метротото на рускиот град Санкт Петербург.

Портпаролот на Националниот комитет на Русија за борба против тероризмот, ја потврди смртта на недолжните лица, додавајќи дека експлозиите се случиле меѓу две станици „Сени трг” и “Технолошкиот институт“.

Според руските медиуми, експлозивните уреди биле исполнети со шрапнели. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека за трагичниот настан е информиран и рускиот претседател Владимир Путин.

Путин се сретна со шефовите на безбедносните служби и рече дека ги разгледуват сите опции, вклучувајќи го и тероризмот.

ТАСС претходно објавио дека експлозија се случила во вагон.На местото на настанот пристигнале амбулантни возила, изјави еден од очевидците.

„Видов како носат повредени луѓе, беше ужасно“, рече еден од сведоците на терористичкиот напад.