Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Околу 20 возила во сопственост на македонски туристи биле искршени во грчките туристики места Калитеа и Афитос. На социјалните мрежи се појавија фотографии од автомобили со искршени стакла и дупнати гуми.
На Фејсбук групата „Life from Greece“, еден член ја сподели оваа информација со други, за да ги информира за инцидентот.
„Ова е срамен чин на „најобични будали“, врз основа на кој цел еден народ ќе биде окарактеризиран како таков“ – напиша таа.
На групата на Фејсбук каде што беа објавени фотографии од автомобили со скршени стакла, една видно вознемирена членка им објасни на другите што да прават ако еден од овие автомобили е нивен.
„ Ако некој од вас е меѓу нив, веднаш појдете во полиција во Касандра, многумина веќе пријавиле и инсистирајате да ги погледнат камерите на целиот пат бидејќи тоа не се случило на едно место, туку на неколку локации“ напиша таа, а тпренесе „Life from Greece“.
Таа ги предупреди и оние кои се во близина на овие места да ги движат своите автомобили за да ги заштитат.