Home Актуелно Воздухот во Скопје се подисчистил – градот го укинува бесплатниот јавен превоз

Воздухот во Скопје се подисчистил – градот го укинува бесплатниот јавен превоз

Јавното сообраќајно претпријатие во Скопје информираше дека од утре четврток (30 декември) прекинува да важи одлуката за бесплатен превоз за сите граѓани во јавниот превоз, која беше времено донесена мерка во рамки на пакетот мерки на Град Скопје за намалување на загадувањето на воздухот.

Истовремено и од Министерството за животна средина и просторно планирање соопштија дека согласно податоците од вчера среднодневните концентрации на ПМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 mg/m3, и епизодата од два последователни дена е прекината во Скопје – Центар, Гази Баба, Лисиче и Ректорат и Струмица.

Претходниве денови во Скопје но и низ повеќе градови низ Северна Македонија се регистрираа високи концентрации на ПМ10 честички, а според сајтот IQ AIR, главниот град вчера се најде во топ 10 најзагадени градови во светот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…