Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонскиот шампион го доживеа првиот пораз оваа сезона во Лигата на шампиони на гостувањето кај Киелце со резултат 31:27.
Продолжи лошата традиција за Вардар на гостувањата против Киелце. Полскиот тим имаше предност од самиот старт, иако на моменти „црвено-црните“ имаа напад и за израмнување.
Натпреварот започна лошо за Вардар откако во 14-та минута Борозан заработи директен црвен картон. Потоа Киелце направи четири разлика, но „црвено-црните“ заиграа добро и на полувреме заминаа со еден гол негатива 16:15.
На почетокот на второто полувреме домаќинот направи разлика од четири гола која ја одржуваше до крајот на мечот благодарение на фантастичниот Лука Циндриќ. Исклучен беше и поранешниот играч на Вардар Душебаев поради неспортски потег над Шишкарев.
Најдобар кај победникот беше Лука Циндриќ со осум гола, додека Јурецки заврши со шест, а кај Вардар, Скубе и Дибиров дадоа по шест гола.