Возбудливо откритие: Пронајден загубениот град од Александар Велики


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Изгубениот град од Александар Велики бил магично место во кое се пиело вино и во кое филозофите разменувале мудрости. Сега, 2.000 години после смртта на големиот војсководец, археолозите сметаат дека го пронашле локалитетот на кое било основано тоа речиси митско место.

Научниците прв пат забележале траги од древна населба уште во 1996 година, додека ја разгледувале снимката од Галатга Дарбанд во Ирак, направена од американските шпиони. Меѓутоа, поради политичките неприлики местото не можело да биде истражено сè до неодамна, кога современата технологија потврдила дека станува збор за град стар два милениуми, во кој се преплетувале грчкото и римското влијание.

Се смета дека тој град го основал Александар Велики во 331 година пред нашата ера, а дека бил населен од 3.000 негови воени ветерани.

Се смета дека Галатга Дарбанд, чие име на курдски отприлика значи „дворец на планинскиот премин“, бил на патот од Александар Македонски кога овој тргнал во напад на Дариј III во Персија во 331 година пред нашата ера.

Водачот на истражувањето, британскиот археолог Џон Мекгинис, вели дека во пролетниот период сета област била снимена со дрон, а при ископувањата биле пронајдени мноштво садови од теракота и грчко-римски статуи, кои сугерираат дека градот го населувале војниците од Александар.

Меѓу пронајдените статуи се наоѓа и женска фигура за која се смета дека ја претставува божицата Персефона, грчка божица на земјоделието и вегетацијата, додека друга машка фигура веојатно го претставува Адонис, богот на плодноста.

Пронајдена е и монета со ликот Ородес II, крал на Партија кој владеел од 57 до 37 година пред нашата ера. Градот го штитела голема тврдина која се простирала од реката до планините, а вкупно зафаќала површина од околу 60 хектари.

Проектот за истражување на овој локалитет е дел од 40 милиони долари вредниот план на ирачката влада за обновување на историските места, кои беа уништени од Исламската држава. Исто така, програмата вклучува и доведување на група ирачки археолози во Лондон на обука во Британскиот музеј.

Истражувачите сега се во потрага по пишани докази за нивните претпоставки и сомнежи.