Возачот на Ким во Париз 17-от осомничен за грабежот – и тој соработувал со бандата


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Француските полициски службеници потврдија дека уапсиле 16 лица поврзани со кражбата на Ким Кардашијан во Париз.

Овој пат, кражбата доби сосема ново сценарио. Имено, уапсен е и 17-от осомничен, односно возачот на Ким, за кој полицијата смета дека соработувал со крадците.

Потврдено е дека возачот на лимузината знаел каде се движи Ким, а полицијата смета дека токму тој ја информирал бандата. Адвокатот на Ким е задоволен од досегашното развивање на ситуацијата.

„Апсењата се пријатно изненадување, а може и да дојдеме до накитот. Од друга страна пак, ова е доказ дека кражбата не беше само една претстава за јавноста, која ја изрежирала Ким“, изјави адвокатот Жан Вејл.