Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бившиот возач во „Дурмотурс“ кој го управуваше автобусот кој доживеа фатална несреќа кај селото Ласкарци, во која загинаа 16 лица, а повредени беа 37, денес негираше сè што кажал пред јавниот обвинител пред неколку месеци во неговото првично сведочење за несреќата, појавувајќи се како сведок на денешното судско рочиште.
Тој денеска истакна дека не се сеќава на ништо во врска со кобниот автобус кој го управувал од 2007 до 2014 година на релација Гостивар – Скопје и обратно, тврдејќи дека обвинителот не запишал точно што тој кажувал.
Според белешките на обвинителот, сведокот, посочил оти во автобусот имало копче за манипулација со тахографот, односно уред со кој се намалувала брзината на автобусот. Сведокот денес тврди дека не се сеќава оти имало таков уред.
Со дозвола на судијката Диана Груевска Илиевска, обвинителот Дарко Јакимовски на сведокот му го прочита неговиот исказ во ЈО, каде кажал дека во автобусот што учествувал во несреќата имало вградено таков уред, за кој морало да знае шефот на возниот парк.
Судењето на кое се испитуваат сведоци е во доказна постапка. Во несреќата во февруари загинаа 16 лица, а 37 беа повредени.