Воз излета од шините во Конго, најмалку 50 загинати


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Најмалку 50 луѓе загинаа кога возот излета од шините во југоисточниот дел на Конго.

Сето тоа се случи во југоисточната провинција Тангањика рано утрово, рече министерот за хуманитарни работи, Стив Мбикаи, пренесува „Ројтерс“.

Мбикаи рече дека несреќата се случила околу три часот наутро по локално време во градот Мајибариди и дека тоа не е конечниот број на загинати.

„Во име на владата, изјавувам сочувство на семејствата на загинатите“, напиша тој на „Твитер“.