Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Вселенската истражувачка сонда Voyager 2 на НАСА е вториот објект во историјата на човештвото создаден од човечки раце кој успеа да го напушти Сончевиот систем и да стигне во меѓуѕвездениот простор.
Voyager 2 ја напушти хелиосферата, односно заштитната област (балонот) од магнетни полиња и честички кои ги произведува Сонцето.
Споредувајќи ги податоците од различните инструменти добиени од леталото, тимот начуници на НАСА утврди дека Voyager 2 го напуштил Сончевиот систем на 5 ноември 2018 година.
Првата сонда Voyager на НАСА во 2012 година влезе во меѓуѕвездениот простор, но леталото беше неисправно. Voyager 2 сѐ уште носи исправен инструмент кој ќе овозможи проучување на овој природен излез во меѓуѕвездениот простор.
Voyager 2 се наоѓа на одалеченост од нешто повеќе од 18 милијарди километри од Земјата. Експертите на НАСА сѐ уште можат да комуницираат со сондата.
Информациите патуваат со брзина на светлината и потребни се 16 и пол часа да стигнат од леталото до Земјата.