Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
После најавата за законски измени во законот за јавни претпријатија со кои ќе се воведуваат задолжителни заменици директори во сите јавни институции, бран од негодувања и реакции ја потресе македонската граѓанска и политичка јавност.
Премиерот, Зоран Заев, порача дека не треба да се прави фама од тоа што со измените на законот за јавни претпријатија ќе се воведуваат заменици на директорите. Заев одговараше на пратеничко прашање од Владо Ѓорчев кој рече дека со оваа промена непотребно ќе се трошат стотици милиони евра државни пари. Заев рече дека намерата е искрена.
„Целта ни е замениците директори целосно да ги заменуваат директорите и да ја диктираат испораката на јавните услуги за граѓаните. Апсолутно ваквите трошоци се минорни ако ефектите бидат задоволителни, а граѓаните посреќни за услугите. Не треба да се прави ваква јавна фама и да се говори за некаква катастрофа. Вие знаете дека од 3,4 милијарди евра трошоци на државата, повеќе од 3 милијарди е фиксен дел, здравство, социјална заштита, плати, пензии и нормално функционирање на институциите. Во последната година само 100 милиони евра се заштедени од транспарентноста на постапките, 300 до 400 милиони евра може да менаџира секоја влада, се друго е фиксно“ – рече Заев.
Тој како пример посочи дека АД „Македонски енергетски ресурси“ мора да добие заменик директор затоа што се подготвува државата да откупи дел од „Макпетрол“ и дека ќе се спроведува гасификација на општините.