Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Од минатата ноќ во Филаделфија е воведен полициски час во обид да се спречат грабежите и насилството за време на ноќните протести кои избија откако полицијата уби Афроамериканец, објави кабинетот на градоначалникот.
Полицискиот час стапува на сила во девет часот навечер и ќе трае до шест часот наутро во четврток.
Од понеделник траат протестите откако полицијата го застрела 27-годишниот Волтер Волис кој им се спротивставил на силите на редот и бил вооружен со нож. Неговото семејство тврди дека имал психички нарушувања и дека се лекувал.
Полицајците излегле на терен по повикот во кој било пријавено дека маж има нож. Волис и покрај барањата на полицајците одбил да го фрли ножот, соопшти Ерик Грип, портпарол на филаделфиската полиција.
Неколку часа по убиството околу триста демонстранти излегле на улиците за да го израза незадоволството од полициското насилство и расизмот, при што се судриле со полицијата. Меѓу полицајците имало 39 повредени, а повеќе повреди ги добиле од предмети фрлени во нив.
Бранот антирасистички протести, проследени со насилство, ја тресе Америка по убиството на Џорџ Флојд, црнец на кој на крајот на мај полицаец белец му клечеше на вратот речиси десет минути при приведување.
Филаделфија е најновото во низата жаришта во САД околу прашањето на расната еднаквост и прекорачувањето на полициската сила.