Вотерс од Пинк Флојд обвинет за антисемитизам


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Едно еврејско здружение од Мајами го обвини Роџер Вотерс, еден од членовите на култната рок група Пинк Флојд, дека е антисемитски настроен, откако тој во четвртокот вечерта најави одржување на концерт.

Вотерс со години бара од американските музичари да не настапуваат во Израел за да го поддржат, под покровителство на палестинските организации, бојкотот против израелското градење населби.

„Вашите пораки со антисемитизам, антиционизам и омраза не се добредојдени во нашата заедница“, се наведува во соопштението од Еврејската федерација во Мајами.

Во него се бара од Вотерс да престане отворено да повикува на поддршка на културниот бојкот во Израел.

Вотерс (73) требаше да настапи во четвртокот вечерта во American Airlines арената, во рамки на турнеата за промоција на соло албумот.

Тој го поддржува движењето со наслов „Бојкот, одземање и санкции“ кое поттикнува бојкот на производите и услугите поврзани со изградбата на израелските населби на палестинска територија.