Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Воспитувачката во една градинка во сојузната американска држава Канзас, Кристал Смит, беше фатена на видео како најпрвин со рака го тепа, а потоа го клоца и со нога едно петгодишно девојче кое се криело во полиците од библиотеката.
Веднаш штом ова страшно видео се појавило во јавноста воспитувачката моментално добила отказ.
Кога мајката на девојченцето дошла по својата ќерка во градинка, малото девојченце се раскажало.
„Не ја сакам оваа воспитувачка, навистина е лоша. Ме удри“, раскажала ќерката на мајката.
Мајката инаку, забележала црвенило на рацете на својата ќерка што многу ја налутило и веднаш кај директорката на градинката ја пријавила воспитувачката. Таа веднаш се обидела вината да ја префрли на детето.
„Не сум изненадена што има модринки. Влезе во полицата и најверојатно сама се удрила. И мене ме удри неколку пати“, изјавила воспитувачката во својата одбрана.
Но, лутата мајка веднаш ги побарала снимките од камерите, кои ја откриле вистината.