Вормут стана првата жена секретар на американската армија


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Кристин Вормут стана првата жена секретар на Армијата на САД. Нејзината кандидатура беше одобрена од американскиот Сенат.

Нејзиното одобрување на кандидатурата значи дека едно од највлијателните места во Пентагон, кое долго време го заземаа само мажи, сега ќе го координира жена.

За време на нејзиното сослушување во сенатска комисија, многу сенатори поставуваа прашања во врска со тоа како Вормут има намера да се справи со некои сериозни проблеми со кои се соочува американската војска.

Вормут има долгогодишно искуство во Пентагон, откако претходно беше на различни позиции поврзани со заштитата на националната безбедност на САД.