Вооружен грабеж на аптека на „Зегин“ и други разбојнички дела


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Полицијата соопшти, за неколку кражби извршени во последното деноноќие, па така во првата е ограбена аптеката „Зегин“, ограбено е косовско возило, а ограбен е и стан во Струга.

Во понеделникот, околу 20 часот во Скопје во аптека „Зегин“ кај железничката станица, непознато маскирано лице со закана со пиштол, од вработените одзел сума на пари од околу 27.000 денари по што го напуштил местото на настанот.

Истиот ден, во 22.45 часот во ПС Бит Пазар, Б.Е.А. (37) од Р.Турција, пријавил дека истиот ден во времето од 19.30 до 21.20 часот на ул.„Прохор Пчински“, од страна на непознат сторител била извршена тешка кражба од ПМВ „Киа“ со косовски национални ознаки. Притоа, одземени биле чанти во кои имало лап топ, мобилен телефон, камера и документи.

Во Струга пак, во понеделникот во во времето од 14 до 16 часот во Струга на ул.„ЈНА“, во стан сопственост на А.С. (57), непознат сторител извршил кражба, и одзел пиштол „ЦЗ 99“ со две рамки и 26 куршуми калибар 9мм, што А.С. го поседувал со дозвола, како и разновиден златен накит (белегзии, ланчиња, прстени) и пари.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случаите.