Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Островот Сокотра изгледа како да доаѓа од некој научно-фантастичен филм, а всушност еволуирал толку многу што изгледа како да не припаѓа на оваа планета. Од африканскиот континент е одделен уште од пред седум милиони години и природата овде успеала целосно да ја прикаже својата креативност и раскош.
Слично како и Галапагос, кој е познат по неверојатните диви животни, Сокотра е дом за околу 800 ретки видови на флора и фауна – а околу 1/3 од истите се наоѓаат само на овој остров.
Островот се наоѓа на околу 250км оддалеченост од Сомалија и 340км од Јемен. Се состои од песочни плажи, варовни пештери и високи планини. Поголемиот дел од годината има големи горештини и пустинска клима, што довело до препознатлив изглед на билките.
Стеблата и билките се развиле на тој начин што може да поднесат високи температури, а некои од тие растенија се стари неверојатни 20 милиони години! Само Хаваи, Нова Каледонија и Галапагос имаат повеќе ендемски видови отколку што има на островот Сокотра.
Од Центарот за блиско-источни билки, кој е дел од Кралските ботанички градини во Единбург, направиле истражување преку кое заклучиле дека дури 307 од 825 билки може да се најдат само овде и на ниедно друго место.