Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Стивен Хокинг смета дека луѓето си играат со опасни работи кога пробуваат да контактираат со вонземјани.
Научниците од германската опсерваторија Сонерберг направиле студија во која заклучуваат дека вонземјаните може да предизвикаат апокалипса на Земјата, без воопшто да ја посетат. Како што трврдат доволно би им било порака со малициозна интелигенција, по што тврдат дека потенцијалните пораки не би требало ниту да ги одговараме.
Во неодамна објавената студија научниците искажуваат загриженост поради невниманието. Тие објаснуваат дека не е возможно да се утврди дали пораката е опасна пред да биде отворена. Исто така тие велат дека пораката од вонземјаните би можела да биде контаминирана. Потенцијалната опасност е толку голема што подобро според нив би било пораката воопшто да не се отвора и чита.
Хаос и паника
„Багот“ скриен во пораката би можело да предизвика хаос во технологијата на Земајата, тврдат научниците. И тие додаваат дека тоа би предизвикало светска паника. Постои и опасност од вирус кој би можел да ги уништи сите мрежи на Земајта или пак вештачка интелигенција што би можела да ги превземи информатичките состави.
Што се однесува на праќањето на порака од Земјата, научниците сметаат дека дефинитивно не би требало да праќаме никаков код. Пораката би требало да биде ограничена на текст, слика, музика или енциклопедиски податоци, каде што за шифрирање на податоците нема да се користи никаква напредна технологија.
Потенцијална катастрофа за човековата раса
Астрофизичарката Луцијан Валковиц вели дека остварувањето на контакт би можело да предизвика катастрофа кај луѓето.
„Можно е цивилизацијата која ќе ја контактираме да нема добри намери“, вели таа. Но, додава дека во таа приказна постојат и бројни предности. Нажалост се уште не знаеме како стојат работите.
Стивен Хокинг исто така смета дека луѓето си играат со опасни работи кога пробуваат да контактираат вонземјани. Тој верува дека кога вонземјаните би ја откриле земјата ќе сакаат да ја колонизираат и покорат.