Вонземјаните доаѓаат? Над Полска снимена „флота од мистериозни светлечки топки“ (видео)


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Уфолозите се убедени дека станува збор за „малите зелени“, иако на снимката не се гледа многу од тоа.

На YouTube е објавено видео на кое пишува дека мистериозни НЛО во форма на светлечки топки се забележани над полињата со пченка во Полска.

Не се прецизира каде, но се тврди дека лицето кое ја снимило сцената со наводните вонземајни одело низ поле за подобро да ги види, а кога дошло до крајот, тие едноставно исчезнале. Уфолозите секако, во тоа не гледаат никакво лажирање, фалсификат и слично, туку само гости од друга планета.

Меѓу коментарите, секако, има и такви кои се прашуваат „дали можеби некој снимал од некој друг агол“, со оглед на тоа дека „снимката е светла“. А има и такви кои велат дека се слуша звук од дрон.